ПОЛИТИКИ И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ И ПРЕД НАРАЧКА

Политики за користење на системот за електронска трговија.

Со самиот пристап на интернет страницата на mtdgradina.mk и при нарачка на производите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.

Mtdgradina.mk ги задржува правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

1. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ

МТД- Градина ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Северна Македонија.

Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби.

Како лични податоци се сметаат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, е-маил адреса и сл.

Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. МТД – Градина не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.

2. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ

МТД – Градина ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување.

МТД – Градина за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка.

Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за on line плаќање.

3. ПОЛИТИКА И УСЛОВИ НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ/УСЛУГИТЕ

Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку КАРГО ЕКСПРЕС до седиштето на карго превозникот во вашиот град. 

Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет страницата.

Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка.

Поштенските трошоци се вклучуваат при нарачката во крајната цената на производот.

За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да не контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.

4. ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА ПО ТРАНСАКЦИЈА СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ

МТД – Градина ќе врши поврат на средствата на купувачот, доколку биде направена погрешна уплата, а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ.

5. УСЛОВИ ЗА ПРЕД НАРАЧКА

„Пред нарачка“ на определени производи е направената нарачка на производ кој сеуште не е достапен на залиха.

Со пред нарачката добивате специјални поволни услови кои не важат кога производите се достапни во редовната понуда.

За успешно извршување на пред нарачка е потребна електронска уплата на целосната цена на производот и за производите во пред нарачка не е достапна можноста „плаќање при испорака“.

Производите уплатени во пред нарачка ќе бидат испорачани штом бидат достапни на залиха, во период од 50-70 дена од извршената уплата на вашата пред нарачка.

Вложуваме разумни напори да ги испорачаме производите во наведениот рок, сметано од нашата потврда на Вашата пред нарачка.

Во случај на настан на виша сила кој доведува до, или што е веројатно да предизвика, неуспех при испораката на Вашата пред нарачка, МТД Градина ќе ве исконтактира дали Вие би сакале да пристигне производот во одложен период, за времетраењето на настанот на виша сила, или да биде извршен целосен поврат на Уплатените средства, а пред нарачката откажана.

Под „настан на виша сила“ се подразбира:

(а) секој настан кој е вон разумна контрола;

(б) недостапноста на суровини, делови на производите; и/или

(в) прекин на снабдувањето со електрична енергија, индустриски спорови со други лица, државна регулатива, пожари, поплави, катастрофи, граѓански немири, терористички напади или војна.