Прикажан е еден резултат

🌱Бензински ножици за жива ограда се супер практични за обликување на зелениот „жив“ ѕид кој што го оплеменува секој двор и ви овозможуваат целосна слобода за маневрирање.

А вам, ви останува само да ја одржувате живата ограда во форма, според вашиот вкус, потреби и можности. 😎

Бензински ножици за жива ограда

Компактниот дизајн, ергономски обликуваните рачки и маневрирањето без напор ги прават овие парчиња опрема задолжителни за краткорочни или долготрајни работи околу  обликувањето на живата ограда во градината. Бензинскиот тример за жива ограда ви нуди поголема слобода на маневрирање, без влечење на продолжни кабли.

🌲 Независно дали сте се одлучиле за зимзелена или листопадна жива ограда, истата бара прецизно поткастрување и одржување како би претставувала незаменлив украс во вашиот двор.

Неколку едноставни совети за правилно одржување на вашата жива ограда:
✔️ Садење - живата ограда се сади вообичаено на длабочина од 40 до 60 cm и е најдобрата заштита од љубопитните очи на соседите! 👀
✔️ Редовно поткастрување - ова помага за правилното обликување на оградата.
✔️ Наводнување - од особена важност како и за сите други растенија во дворот!
✔️ Отстранување на плевелот - иако е исклучително мачна активност, отстранувањето на плевелот е неопходно, затоа што истиот ја загушува живата ограда, крадејќи и ја потребната прихрана и вода.