🏡 Одличен сооднос на цена и квалитет, изверете го моделот на ножици за кастрење кој е најсоодветен за вас и уживајте во процесот на средување на дрвцата во вашата градина или овоштарникот…

Ножици за овошки

🌳 Овошните насади како и сите други родни дрвца бараат редовно закројување во согласност со сезоната, потребата, особено после пројава на оштетувања како резултат на ветер, град, студ...

Бидејќи секое поткастрување претставува своевидна „операција“ при која се отвараат рани на стеблото, затоа од исклучителна важност е да се користат дезинфицирани алатки за да се спречи разнесувањето на различните предизвикувачи на болести, патогени бактерии и други штетници.

🔥 За дезинфекција на алатките се користат старите методи, сосема доволно е само да се помине со малку алкохол или пак со пламен од запалка да се поминат сечилата на ножиците.

🍎 Правилното кастрење на оштетените гранки е неопходна активност која значи живот за самото дрво, вклучително на самото стеблото и плодот.