🌳 Прецизно кастрење на гранките со минимален напор!  Ножици за кастрење, изработени по мерка за сечија дланка и џеб, со одлични цени и квалитет! Правилното кастрење е половина здравје за дрвјата во дворот!

Ножици за кроење

Ножици за кроење FELCO 7 Професионални

На залиха

Original price was: 5.990 ден.Current price is: 4.900 ден.
Шифра: 8207
Бренд

FELCO

Ножици за кроење 419 CC

На залиха

Original price was: 490 ден.Current price is: 360 ден.
Шифра: 4765
Бренд

GREEN SEASONS

Ако сакаме здрави дрвја со раскошни и плодни крошни, тогаш да засукаме ракав и да се ослободиме од сувите гранки! Во прилог неколку совети за како да пристапите кон „генералната чистка“:

1.ПРОВЕРКА НА ГРАНКИТЕ
Гранките се сечат доколку истите се суви и заболени, се вплеткуваат во други гранки, растат навнатре и го спречуваат растот на другите. Исто така, во посебни околности, се отстрануваат и гранките кои го спречуваат протокот на сончевата светлина и воздух (на пример кај јаболките, сливите и сл.).

2. ИЗБЕРЕТЕ ЈА СООДВЕТНАТА АЛАТКА СО КОЈА ЌЕ ГО ИВРШИТЕ КАСТРЕЊЕТО
Откако ќе одлучите кои гранки имаат потреба од кастрење, следниот чекор е да изберете соодветна алатка. Доколку гранките ви се на дофат на рака и се потенки секако можете да ги искористите ножиците за кроење, а ако пак се работи за високи гранки тогаш идеален избор за вас би биле ножиците за дрво со телескопски рачки или пак рачната пила за дрво со телескопска дршка.

Постои правилен и погрешен начин на кастрење на гранките. Никогаш не заборавајте дека секое засекување на дрвото е еден вид на „операција“, па затоа истата треба да биде мошне внимателно извршена, како би можел да се активира природниот механизам на исцелување, што ќе им овозможи „раната“ да заздрави брзо и лесно.

3. ЗАДОЛЖИТЕЛНО НАОСТРЕТЕ ГИ НОЖИЦИТЕ ЗА ДРВЈА!
Се разбира, ниедна операција која бара прецизност не може да биде извршена „со тап скалпел“. Тапите ножици само ќе ги поткинат гранките, ќе ги уништат живите клетки и ќе го блокираат процесот на заздравување.

Никогаш не сечете ги гранките било каде, бидејќи на таков начин ја поттикнувате појавата на дивите прачки кои само ќе го загушат дрвото и ќе ја впијат нему потребната енергија. Бидете внимателни и кога отсекувате гранка подалеку од стеблото, затоа што голема е веројатноста дека остатокот од гранката ќе се исуши.

4. СООДВЕТНА ЗАШТИТНА ОПРЕМА:
Од безбедносни причини, секогаш носете заштитни ракавици. Квалитетните ракавици ќе спречат појава на иритации на кожата, а секако и ќе ве заштитат од евентуални повреди кои можат да настанат поради невнимателност. Исто така се препорачува задолжително носење на заштитни очила.

5. КОГА Е НАЈДОБРО ВРЕМЕ ЗА КАСТРЕЊЕ НА ГРАНКИТЕ?
Најдобар тајминг за кастрење на дрвјата е од ноември до јануари. Во овој период, поради студот патогените микроби се неактивни и оттаму не се опасна закана која може да ги оштети дрвјата. Во спротивно, доколку кастрењето го вршите во некој од потоплите месеци, повисоките температури се совршен стимул за размножување на болестите.