Прикажувам 1–12 од 27 резултати

💦 Голем избор на прскалки за наводнување кои овозможуваат водата да стигне до растенијата во форма на локализиран „дожд“. Затоа што водата-живот значи!

Прскалки за трева

💦Градината треба внимателно да се полева.
🌻На прв поглед наводнувањето можеби изгледа како едноставна задача. Ќе земете црево и ќе ја полеете градината околу растенијата и тоа е тоа.
🌷Но, во реалноста, работите се малку покомплицирани.
Многу е важно да ги наводнувате растенијата редовно (не само еднаш неделно и со премногу вода). Полевањето треба да биде со вистинската количина на вода (ова може да биде различна количина во зависност од типот на растението) и во вистинското време (најдоброто време е рано наутро, навечер е исто така во ред, но преку ден не е препорачливо).
Препорачливо е тревникот да се наводнува длабоко до коренот, но никако да не се повторува полевањето се додека тревникот е влажен.
🌱🚿🕵️ За најлесно да одредите кога е најдоброто време за следното наводнување, едноставно: СЛЕДЕТЕ ЈА СОСТОЈБАТА!👨‍🌾 Доколку забележите недостаток на вода, тогаш активирајте се!
А според потребата и вкусот може да изберете прскалка, пиштол за наводнување, или пак да инсталирате систем за подземно наводнување.