Прикажувам 1–12 од 41 резултати

🏡 Голем избор на електрични, бензински и батериски косилки за уреден и здрав тревник. Истражете ја понудата и одберете ја најсоодветната косилка за вашата градина!

Косилки за трева

Бензинска LC3 DP56 тример косилка

Нема на залиха

Original price was: 29.990 ден.Current price is: 23.900 ден.
Шифра: 1076
Бренд

CUB CADET

🏡 Одржувањето на тревникот е вистинска уметност, разбудете го уметникот во себе и уживајте во волшепствата на создаденото дело!

Неколку работи што треба да ги земете предвид кога купувате косилка за трева

Дали имате мала, голема, едноставна или сложена градина? Типот на тревникот и колку често го косите одредуваат што да барате кога станува збор за методите на сечење, маневрирањето и карактеристиките.

🏡 Секогаш кога имате мала тревна површина и сакате прецизно косење, тогаш механичката косилка е вашиот вистински избор.
🔇 Тивка,
🍃 Еколошка
💰 Економична

💪 Механичките косилки со ролна овозможуваат природно снабдување на тревата со хранливите материи, но сепак изискуваат поприличен напор, споредено со другите типови на косилки за трева.

🔌 Електричните косилки за трева се супер практично решение доколку имате рамен и релативно помал тревник. Честопати имаат и помала корпа за собирање на тревата, па оттаму истата побрзо и се полни. Дополнително, земете го во предвид кабелот за електрично напојување, кој на овој или на оној начин го ограничува движењето.

Бензинските косилки се често помоќни машини кои полесно се справуваат со сите предизвици во дворот и поголемите тревни површини. Тука веќе може да изберете модел со странично исфрлање на откос, со корпа или пак со опција мулчирање, кое природно го зајакнува тревникот. Задното и страничното празнење може да се справи со повисока, дива и груба трева за да се заврши работата.
Доколку се одлучите за косилка со корпа, истото заштедува време и овозможува уреден тревник.
Дополнително, можете да го додадете тревниот откос во вашиот компостер, за да го зголемите здравјето на мешавината на компост.

🔋 Батериската косилка пак е иако можеби поскап, сепак е исклучително мудар избор, идеално решение за секој што сака да се опреми со еколошка и моќна машина за одржување на својата градина. Со неа, нема повеќе заплеткани кабли ниту пак сложено преточување на бензин.

🍃 Доколку сакате вистинско освежување во Вашата градина, тогаш роботската косилка е инвестиција која повеќекратно ќе ви се исплати- добивате повеќе слободно време, а прецизно искосен требник! Па така ќе имате кој да Ве замени! Фантастичната робот косилка ќе ја искоси тревата, а Вам ви останува само да уживате! 🙂

🏡 Имате огромен тревник кој треба се искоси, а вие уште на самиот почеток сте уморни од заморното буткање на тешката бензинска косилка? 🥱🥇 Во тој случај, трактор косилките се идеално решение за вас.

🏡 И нередовното косење е подобро од некосењето, затоа колку и да ви се чини тешка работата, само замислете си како го пиете ладното пиво на убаво искосениот тревник и многу лесно ќе се мотивирате за работата. 🍻😊