Product categories
- Градинарска програма
- Опрема за одржување градини
- Опрема за наводнување
- Косилки за трева
- Косилките не работат без:
- Тримери за трева
- Аератори-Вертикутери за трева
- Дробилки за гранки и компостери
- За во дворот
- Батериски алатки
- Маици
- Земјоделска програма
- Програма за лозарство
- Програма за домаќинство
- Ладење и греење
- Летна програма
- Зимска програма
- ТОП ПОНУДА
- Резервни делови
- Резервни делови за базени
- За електрични дробилки
- За мотори
- За пили
- За тримери
- За косилки
- Сите делови
- Масла
- За мотокултиватори
- Ножеви - Држачи за ножеви
- Делови за A и D тип на косилка
- Алтернатори
- Тркала
- Филтри за мотокултиватори
- Стартери - Рачки - Полуги за гас
- Карбуратор за мотокултиватор
- Лагери - Семеринзи - Заптивки
- Делови за менувач
- Каиши, ременици и затегнувачи
- Делови за мотор
- Останати делови
- Метални тркала
- Приклучни делови
- За пумпи за преточување и филтри за вино
- Tablets
- Hardware & Components
- Photo & Video
- Computer & Office
- Laptops
- Smartphones
- Home Appliance
- Laptops, Tablets & PCs
- PCs
- Games & Entertainment
- Uncategorized
Filter by price
Brands
🏡 Основната причина за аерација е да се ублажи крутоста на почвата. Практични електрични и бензински вертикутери за „проветрување“ на тревникот.
Аератори-Вертикутери за трева
Бензински вертикутер OPTIMA 35 VO
Оценето 0 од 5
Нема на залиха
Шифра:
137
ШТО Е АЕРАЦИЈА?
Аерацијата означува пробивање на мали дупчиња во почвата со цел да се овозможи слободен проток на воздух, вода и други хранливи материи во коренот на тревата. Ова им помага на корените да се зацврстат и продлабочат, а тревникот да изгледа здраво и негувано. Основната причина за аерација е да се ублажи крутоста на почвата. Набиената почва содржи многу цврсти грутки кои ја спречуваат циркулацијата на вода, воздух и хранливи материи во истата. „Проветрувањето“ на почвата е исклучително важен дел од совршената нега на тревникот. Помага во борбата против густиот слој на „мртвата трева“ која се формира на секој тревник и го блокира пристапот на воздух, вода и хранливи состојки до коренот на новата трева. Правилното проветрување му овозможува на тревникот повторно да дише!
ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗВРШИ АЕРАЦИЈА НА ТРЕВАТА?
Едно од често поставуваните прашања е како да детерминираме дали тревникот има потреба од аерација? Одговорот е потврден доколку:
- Тревникот е експлоатиран т. е. доколку истиот служи како игралиште во соседството. Децата и милениците кои трчаат низ дворот предизвикуваат промени во структурата на почвата и истата има потреба од аерација.
- Тревникот е новопосаден на површина каде што се градел некој објект. Во ваков случај, под површината на тревникот често се насобираат честички од процесот на градење и потребно е да се изврши аерација, како би се овозможил проток на материи.
- Тревникот се суши брзо. Тоа укажува на прекумерна застапеност на остатоци од косењето кои не се отстраниле навремено и ја гушат тревата.
- Постојат повеќе различни по структура, слоеви на почва. Доколку нови пластови на ровка почва е поставена над грубиот слој, тоа води кон слаб проток на материи, т.е до слаб развој на тревните корења. Аерацијата ќе овозможи ситнење на грубиот слој и ќе го овозможи протокот на материи.
КОГА ТРЕБА ДА СЕ ИЗВРШИ АЕРАЦИЈАТА НА ТРЕВНИКОТ?
Најдобро време за аерација е за време на сезоната на растење, кога тревата сама по себе ќе се регенерира. Препорачливо е тоа да се врши во рана пролет или пак есен.
РАЧЕН АЕРАТОР V.S ВЕРТИКУТЕР
Начелно, постојат два типа на аератори: рачен или пак машински (електричен или бензински). Рачниот аератор (вила, гребло) едноставно се користи за отстранување на мов и коров од тревникот.
За најдобри резултати се препорачува користење на соодветна машина со која на брз и лесен начин ќе се изврши процесот на проветрување на почвата.
Секако, останува и онаа алатка - ЧЕВЛИ ЗА АЕРАЦИЈА кои доколку не сте во можност да ги набавите, можете лесно сами да ги направите. :)
КОРИСНИ СОВЕТИ ЗА АЕРАЦИЈА НА ТРЕВНИКОТ:
Пред да започнете, проверете дали тревникот е доволно влажен. Не постои нешто што повеќе фрустрира од обидот да се изврши аерација на пресува почва. Најдобро е да се користи вертикутерот после дождот или пак 2 часа после доброто полевање на тревникот.
Машините за аерација опфаќаат ограничен дел, затоа поминете повеќепати на местата кои имаат изразена потреба од „проветрување“, а заштедете ресурси (читајте: енергија) и оставете ги деловите кои немаат потреба од истото.
Откако ќе ја извршите аерацијата, оставете ги остатоците да се разложат сами, или пак соберете ги со гребло.
По извршената аерација, продолжете со базичната нега за тревникот (редовно косење, прихранување, наводнување и сл.)
Аерацијата е многу корисна во процесот на одржувањето на тревникот, но за жал многумина не го сфаќаат тоа и не ја разбираат потребата. Доколку вашиот тревник е „кандидат за проветрување“ тогаш аерацијата нека стане интегрален дел од вашиот режим на одржување на тревникот. Тревата ќе ви биде благодарна што ѝ овозможивте да дише повторно!